Вести
МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во ураганот Ирма
Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека досега до македонската Амбасада во Вашингтон не се обратиле за помош македонски државјани кои живеат на Карибите и брегот на САД кои беа погодени од ураганот Ирма.
Од МНР посочуваат дека се во комуникација и со Канцеларијата на странски мисии во Вашингтон и оти до денес немаат добиено информација за пријавени македонски државјани од погодените подрачја.
– Од социјалните мрежи дознавме дека има еден македонски државјанин на островот Ст. Мартин. Иако островот територијално припаѓа под јурисдикција на Франција и Кралството Холадија, поради географската близина сепак пробавме да стапиме во контакт уште во текот на вчерашниот ден (преку социјалните мрежи) но се уште немаме добиено одговор, соопшти МНР.



