Актуелно
МПЦ: Јогата е одрекување од Христа и не треба да се практикува
Православна црква, по состанокот на Свештениот синод кој се одржа во Грција, излезе со став по повод прогласувањето на Светскиот ден на јогата од страна на ООН, кој ќе се одбележува секоја година на 21 јуни.
Ви го пренесуваме соопштеието во целост:
„Во врска со ова, Православната Црква во контекст на почитувањето на слободата на вероисповедание, за да се избегне создавање на атмосфера на религиозен синкретизам, ја потсетува православната паства дека „јогата претставува фундаментално учење на Хинду религијата, има различни школи, индустрија, трендови и тенденции, и не претставува само еден вид на фитнес“.



