Актуелно
Огнови ќе горат и покрај апелот на МПЦ
Бадникарски огнови вечерва ќе горат во повеќе скопски општини и покрај апелот на МПЦ дека станува збор за пагански обичај, а дрвата да бидат донирани во хуманитарни цели со цел да се намали енормното загадување на воздухот.
Најмногу огнови се очекува да бидат запалени во скопски Аеродром, преку 200, но оваа година организаторите сами треба да ги набават дрвата, затоа што општината реши од оваа година бесплатните дрва кои се даваа за бадникарските огнови да ги донира на социјално загрозените семејства.
– „Ќе се собереме со соседите, на добра музика, греана ракија и мезе, заеднички да ги прославиме празниците. Ова е наша традиција и не верувам дека некој ќе се откаже од прославата. Соседите собраа по 200 денари и подготвивме убава храна и пијалоци, а ќе кршиме и лепче со паричка да го избереме кумот кој ќе ја организира прославата наредната година“ – вели жител од Аеродром.



