Вести
Синодот на БПЦ одлучи да ја биде мајка-црква на МПЦ
Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница одлучи да се ангажира и застапува пред помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.
– Светиот Синод одлучи дека, со оглед на тоа што Македонската православна црква (МПЦ) ја признава Бугарска Православна Црква – Бугарска Патријаршија за своја Мајка-црква, БПЦ со чувство за својата света должност, ја прифаќа одговорноста да покаже целосно содејство, со тоа што ќе посредува и ќе се застапува пред помесните православни цркви, преземјаќи се што е неопходно за востановување на канонскиот статус на МПЦ, се наведува во одлуката од Светиот синод на БПЦ по повод писмото кое МПЦ го упати на 9 ноември.
Во одлуката се додава дека Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, никогаш не била рамнодушна кон страдањата на Македонската православна црква.



