Вести
МВР и денеска издава лични карти
Сите одделенија за управни работи на МВР денеска, на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните.
Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена) по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.
Барањата за лични карти кои биле примени вчера ќе бидат итно изработени до денес.



