Актуелно
МВР: Полициските припадници наишле на жесток отпор од терористите
Полициската акција за разбивање на вооружената терористичка група во кумановската „Дива населба“ се уште е во тек. Поради специфичноста на теренот полицијата напредува постепено и врши претрес во сите куќи, информира портпаролот на МВР Иво Котевски.
Групата, како што изјави Котевски, имала за цел да организира напади врз државни институции, а во Македонија влегла од една соседна држава.
– Во моментов се уште се во тек активностите на терен. Станува збор за специфично подрачје со тесни улички и голем број куќи коишто се збиени што претставува дополнителен ризик за полициските единции кои дејствуваат на терен. Полцијата заради спецификите на теренот напредува тактички и мора да врши претреси во сите околни куќи заради безбедносни причини, рече Котевски.



