Актуелно
Најладно во Берово -22 степени, најмногу снег на Маврово
Утрово најладно беше во Берово каде се измерени – 22 степени целзиусови, а највисока снежна покривка од 32 сантиметри има во Маврово.
Како што информира УХМР, во Маврово и Битола се измерени -15 степени, -14 Тетово и Крива Паланка, -13 Лазарополе, Куманово, Штип, Скопје Петровец, -12 Струмица, Прилеп, -11 Демир Капија, Виница, Скопје (Зајчев Рид), Крушево, -10 Претор, Пожаране, Тополчани, -9 Охрид, Ѓуриште, Гевгелија и -6 степени целзиусови во Дојран.
Во поголемиот дел од земјата утрово е ведро, само на север има зголемена облачност. Магла имало утрово во Пелагонија. Понекаде дува слаб променлив ветер.



