Вести
Најмалку осум загинати при терористички акт во Њујорк
Најмалку осум лица загинаа, а околу 15 се повредени на Менхетн во Њујорк, кога камионет движејќи се во спротивна насока на велосипедска патека прегази неколку луѓе, пред да удри во друго возило.
Њујоршката полиција соопшти дека по судирот возачот излегол од возилото и извадил имитација на огнено оружје, по што бил застрелан од полицајци и уапсен.
Полицијата информира дека инцидентот, што се случил на брегот на реката Хадсон во јужниот дел на Менхетн, го третира како терористички акт, но дека не трага по други осомничени во врска со случајот.




