МК Сцена
Том Џонс на 84 години најави светска турнеја – ќе настапи и во Хрватска
Легендарниот британски музичар Сер Том Џонс објави дека ќе тргне на голема светска турнеја, која ќе вклучува над 30 концерти. Иако има 84 години, тој и неговиот тим ќе патуваат низ светот од 17-ти април, кога ќе започне со концерт во Канада, до 20-ти август, кога ќе го заврши турнејата со настап во Кардиф, Британија.
Покрај настапите во Канада и Америка, Том Џонс ќе одржи концерти и во неколку европски земји, вклучувајќи ги Грција, Хрватска, Романија, Унгарија, Норвешка и Обединетото Кралство.
Концертот во Хрватска, кој е закажан за 24-ти јуни, ќе се одржи во Пула, во познатата Арена, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре.




