Вести
На Плетвар, Стража и Пресека забрана за сообраќај за тешки товарни возила
Поради обилни врнежи на снег од превентивни причини утрово од осум часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар и од 8.10 часот на магистралниот пат Охрид – Гостивар на планинските превои Стража и Пресека.
Забрана за тешки моторни возила од 8.20 часот е воведена и на магистралниот пат Гостивар – Дебар, поточно од Мавровска раскрсница кон Дебар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот.



