Вести
Најстудено утринава во Маврово и Ѓуриште
Облачно и студено време со сончеви периоди, особено во западните делови, ќе преовладува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервал од 0 до 4 степени.
На североисток утринава има умерена облачност, а во струмичката котлина слаба магла.
Најниска температура до 8 часот е измерена во Ѓуриште и Маврово -6 степени по што следуваат Пожаране, Куманово, Крушево и Берово со -5, Лазарополе, Крива Паланка, Скопје Петровец, Тетово и Дебар со -4, Тополчани, Скопје и Виница со -3, Прилеп и Штип со -2, Претор, Битола и Демир Капија со -1 и Струмица и Охрид 0 степени. Температура над нулата утринава е измерена во јужните делови од државата, односно во Дојран и Гевгелија – 1 степен.



