Актуелно
На Табановце се чека половина час
На граничниот премин Табановце за излез од државата има задржување од околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез, соопшти Автомото сојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.
Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.



