Грција најавува признавање на сите вакцини против коронавирус за влез во земјата
Грчките медиуми објавија дека сите вакцини, вклучително и оние кои не се одобрени од Европската агенција за лекови, ќе бидат признати за влез кај нашиот јужен сосед.
Како што стои во соопштението, одлуката е донесена по препорака на комисијата, а вакцините кои ќе бидат признаени се Новавакс, Синовак, Спутник V, Синофарм и КанСино.
Од грчката комисија истакнуваат дека туристите ќе можат да влегуваат во Грција преку копнените граници, а упатствата за хотели и бродови ќе бидат дополнети со тоа што ќе се бара вработените да бидат вакцинирани или тестирани за коронавирус секоја недела.



