Магазин
Евровизиските победници се вратија дома: Најавија турнеја низ Европа за собирање средства за Украина
Членовите на бендот „Kalush Orchestra“ застанале кога ја преминувале полско-украинската граница и со насобраниот народ ја пееја својата песна „Stefania“, која победи на Евровизија.
Воодушевените обожаватели кои се најдоа на полската граница почнале да ја пеат победничката песна и да го скандираат името на бендот.
Бендот се сретна со обожаватели и украински војници кои сакаа да се фотографираат со нив. Тие беа пречекани со сино-жолти цветови и со украинското знаме.





