Актуелно
Над 7.000 учесници денеска трчаат на Виз Ер Скопскиот Маратон 2016
Над 7.000 учесници од 46 држави ќе се натпреваруваат на годинашниов „Виз Ер Скопски Маратон“, кој се одржува денеска низ улиците на главниот град, со стартна позиција од порта „Македонија“.
Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје и Мисијата на Европската унија. Наградниот фонд на маратонот изнесува 17.100 евра.
И годинава за манифестацијата Град Скопје од својот буџет издвои 1.200.000 денари, а ги стави на располагање и сите јавни градски претпријатија. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски истакна дека маратонот има културна, економска и туристичка димензија и додаде оти се промовира главниот град и нашата држава.



