Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Изменет сообраќаен режим за „Виз Ер Скопски маратон“

Актуелно

Изменет сообраќаен режим за „Виз Ер Скопски маратон“

Поради најавената манифестација „Виз ер Скопски маратон 2016“ денеска од 07:30 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај, информира Град Скопје.

Целосно затворен за сообраќај ќе биде булeвар „Илинден“, од крстосница со улица „ВМРО“ до булевар „8-ми Септември“, десната коловозна лента во правец од булевар „8-ми Септември“ до крстосница со улица „Никола Парапунов“.

Целосно ќе бидат затворени и  улица „Војвода Васил Чакаларов“ („Адолф Циборовски“), како и улиците: „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Димитрије Чуповски“, „11 Октомври“ и улица „Пролет“, и тоа од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица „Пролет“, булевар „3-та Македонска Бригада“  до крстосница со улица „Коста Новаковиќ“, десната коловозна лента од булевар „Јане Сандански“, и тоа од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосница со булевар „Србија“.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од улица „Љубљанска“ и улица „Московска“ во правец од булевар „Илинден“ до крстосница со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај студентски дом „Гоце Делчев“.

Во период од 7:30 до 9:45 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен и улица „Франклин Рузвелт“ од крстосница со булевар „Илинден“ до крстосница со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а од осум до 9:45 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен и булевар „Гоце Делчев“ од крстосница со булевар „Филип Втори Македонски“ („Стив Наумов“) до крстосница со булевар „Илинден“ и булевар .„Св.Климент Охридски“. Во истиот период затворен за сообраќај ќе биде и улица „ВМРО“ од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански Одреди“.

Ќе биде променет режимот на линиите на Јавниот градски превоз. Со изменета траса се линиите  бр. 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво по своја траса, продолжува по ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) – Kл.Центар – Комплекс Панорама.  Вo oбратна насока: Комплекс Панорама – ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“ (Jугодрво) – Tр. Центар – ул.„Владимир Комаров“ – ул„Васко Каранѓелески“ –  Сп.Сала МЗТ.

Линијата број  3Б: Од Кванташки Пазар до  Jугодрво по своја траса, продолжува по ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор)  – Kл.Центар – Комплекс Панорама.  Вo oбратна насока: Комплекс Панорама – ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“ (Jугодрво) – Tр. Центар – ул.„Владимир Комаров“ – ул.„Васко Каранѓелески“ – бул.„АСНОМ“ – Кванташки Пазар.

– Линија бр. 4: oд Хрoм  дo Соборен Храм по бул.„Партизански Одреди“, мост „Гоце Делчев“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Кочо Рацин“, подвозник,  ул„ Aнтон Попов“,  ул.„Димо Х.Димов“, ул.„Борис Трајковски“ и обратно.

– Линија бр. 5: Од Дексион – ул.„Ѓ.Петров“, бул.„Партизански Одреди“, бул. „Г.Делчев“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„К.Ј.Питу“, ул.„Владимир Комаров“, ул.„Васко Карангелевски“, Сп.Сала „MЗТ“, бул.„АСНОМ“, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата  траса, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Партизански одреди“, ул.„Ѓ. Петров“ и Дексион.

 – Линија бр. 7: oд Карпош 3 до Соборен Храм по нормална траса, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„К.Ј.Питу“, ул.„Владимир Комаров“, ул.„Коста Новаковиќ“, бул.„3 Македонска Бригада“ и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по бул.„3-та Македонска Бригада“, ул.„Коста Новаковиќ“, ул.„Владимир Комаров“, бул.„Jaнe Сандански“, бул.„К.Ј.Питу“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Партизански Одреди“ до Карпош 3.

– Линија бр. 8: Влае – бул.„Партизански Одреди“, мост Г.Делчев, бул.„Гоце Делчев“ – Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока по истата променета траса.

 – Линија бр. 9: Кл. Центар – ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“ (Jугодрво) и продолжува по својата траса, а во обратната насока по редовната траса.

 – Линија бр. 15 и 15а: од Карпош 4 до Соборен Храм по траса на линија 15, бул.„Г.Делчев“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„К.Ј.Питу“, ул.„Владимир Комаров“, ул. „Васко Карангелевски“, Сп.Сала „MЗТ“, бул.„АСНОМ“, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Партизански одреди“ до Карпош 4.

 – Линија бр. 16: Железара – Б.Пазар– Југодрво и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста променета траса.

 – Линија бр. 21: Тр.центар, бул.„К.Ј.Питу“, бул.„Крсте Мисирков“, бул. „Г.Делчев“, бул.„Партизански Одреди“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија број 22: Транспортен центар, бул.„К.Ј.Питу“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Г.Делчев“, бул.„Партизански Одреди“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија број 23: Дом на печат,- ул.„Јордан Мијалков“ (ул.„Железничка“) –подвозник -бул.„Кочо Рацин“ (Југодрво), – Комплекс банки, – бул.„К.Ј.Питу“, – ул.„Никола Карев“, – ул.„Владимир Комаров“, – ул.„Васко Карангелевски“, – ул.„717“, – Спортска сала МЗТ), – бул. АСНОМ и продолжува по трасата по бул. „Киро Глигоров“ (бул.„Војводина“). Во обратна насока: по својата траса, бул.„Киро Глигоров“ (бул.„Војводина“), бул.„Јане Сандански“, бул.„К.Ј.Питу“ (Транспортен Центар), – Народна банка, – бул.„Кочо Рацин“, бул.„Св. Кирил и Методиј“ (бул.„Мито ХаџиВасилев Јасмин“ – Рамстор) до Дом на печат.

 – Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), бул.„Илинден“, ул.„Бледски Договор“, бул.„Партизански Одреди“, бул.„Г.Делчев“, бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Кочо Рацин“ и продолжува по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3.

  Линија бр. 25 (Милениумски крст): Тр.центар, Југодрво, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор), ул.„Мајка Тереза“ и продолжува по својата траса, а во обратната насока по  ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“(Jугодрво), до Транспортен центар.

 – Линија бр.27: oд Дoм нa Пeчaт, ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“(Jугодрво), ул.„Владимир Комаров“, ул.„Коста Новаковиќ“, бул.„3-та Македонска Бригада“  и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по бул.„3-та Македонска Бригада“, бул.„Србија“, бул.„Jaнe Сандански“, бул.„К.Ј.Питу“, бул. „Кочо Рацин“, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор), Дoм нa печат.

  – Линија бр. 50: Кл. Центар, ул.„Јордан Мијалков“, подвозник,  бул.„Кочо Рацин“(Jугодрво), Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжува по бул.„Кочо Рацин“, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор)  и Кл.Центар.

 – Линија бр. 57: Козле,  ул.„Јордан Мијалков“, подвозник, бул.„Кочо Рацин“ (Jугодрво), Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжува по бул.„Кочо Рацин“, ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор)  и Козле.

– Линија бр. 59: Од Карпош 3 до Соборен Храм по своја траса, бул.„Г.Делчев“, Битпазар, Бутел – до К.Бара. Во обратната насока по истата променета траса.

  – Линија бр. 59А: Кисела Вода, бул.„Кочо Рацин“, Битпазар и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

 – Линија бр. 59Б: Ново Лисиче, бул.„Јане Сандански“, бул.„К.Ј.Питу“, бул. „Крсте Мисирков“ и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Битпазар, Судска палата, Комплекс банки, Тр.центар, ул.„Владимир Комаров“, ул.„Васко Карангелески“, бул.„АСНОМ“ и Ново Лисиче

  – Линија 31, 41, 51, 67 и 70: Тр.центар, бул.„Кочо Рацин“, подвозник,  ул.„Антон Попов“,  ул.„Димо Х.Димов“, ул.„Борис Трајковски“ и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

  Линија 58: Тр.центар, бул.„Кочо Рацин“, подвозник,  ул.„Антон Попов“,  ул.„Димо Х.Димов“ и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

Поради одржување на „Скопскиот маратон 2016“,  утре туристичката линија „Sity tour“ која поаѓа од Порта Македонија нема да сообраќа.

Сите линии кои го користат мост Гоце Делчев како дел од трасата на движење во периодот од 8 до 9:30 часот поради негово затворање, ќе ја користат алтернативна траса преку ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Македонија“ (Јужен Булевар) – во една и ул.„Кирил и Методиј“ (Рамстор) во друга насока.

Со непроменета траса ќе бидат  градските линии: 2, 2А, 19, 22А и 65В, а од приградски линии: 11, 18,  47, 47а, 53, 55, 56, 60, 61, 63а, 63б, 65, 66, 68, 69, 71 и 81.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.