fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Наградени новинарите кои учествуваа во предизвикот на Мајкрософт Македонија #КадеИДаСиВоOfficeДаСи

Актуелно

Наградени новинарите кои учествуваа во предизвикот на Мајкрософт Македонија #КадеИДаСиВоOfficeДаСи

Изминатите десетина дена социјалните медиуми во Македонија беа домаќини на еден од најкреативните предизвици кои во последно време сме ги сретнале на интернет.

Имено, хаштагот кој започна да се шири со неверојатна брзина по социјалните медиуми, #‎КадеИдаСиВоOfficeДаСи, ја откри креативноста на многумина кои на интересен начин на своите профили на Facebook и останатите познати друштвени мрежи опишаа и покажаа преку забавен статус, фотографија или краток текст што за нив значи да се слободни и да работат на Office програмите на Microsoft од било каде, било кого и на било кој уред, како десктоп или лаптоп компјутер, смарт телефон или пак таблет.

Имено, Мicrosoft Macedonia, после успешно спроведената кампања кон крајот на минатата година, W101010, во која учествуваа 10 познати личности од Македонија кои 10 дена буквално ги преплавија друштвените мрежи со интересни коментари за новитетите на Windows 10, овојпат реши да направи интересен предизвик кој беше во знакот на Office 365. Најновата Office верзија ги вклучува сите досегашни програми кои многу добро ги знаеме и ги користиме, кои сега се многу подобрени, овозможувајќи ви да пристапите до сите ваши фајлови било каде и било кога. Со цел таргетирање на што поголема публика на обожаватели Microsoft одлучи новиот Office да биде достапен и за другите оперативни системи како што се конкурентните iOS на Apple како и Android, дури и преку бесплатни мобилни апликации.

Најновиот Office 365 прави да бидете побрзи, пофлексибилни, попродуктивни, и посигурни во безбедноста на вашите документи кои најчесто се строго доверливи, а токму вие овој пат имате можност за поголема контрола кому да доделите пристап до вашите документи и сработена работа.

Office 365 е cloud сервис за корисници кои имаат потреба од пристап до бизнис апликациите на Microsoft, од Exchange па до сите добро познати Office алатки, како Word, Excel, Power Point и слично, од било каде во светот од било кој уред. Со внесување на e-mail адресата и лозинката секој може да пристапи до своето сандаче, како и до веб верзиите на омилените апликации од Office пакетот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.