Актуелно
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Претпладне сончево, попладне дожд
Времето претпладне во централните и источните делови од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во пладневните часови ќе почнат повремени врнежи дожд кои во вечерните часови ќе се прошират насекаде. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кон недела и ќе бидат пообилни на југот од земјата.
Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од девет до 15 степени.
Во Скопје слично време со температура од четири до 14 степени.


