Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Негувателка истурила кафе на лице на дете во градинка во Скопје

Актуелно

Негувателка истурила кафе на лице на дете во градинка во Скопје

Негувателка во градинка во Скопје истурила кафе на лице на дете додека тоа се наоѓало во креветче во занималната. Детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница.

Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска соопшти дека М.Г. (33) од Скопје  пријавила дека вчера во 12:30 часот во објектот „Чекорче“ на градинката „Срничка“ во занималната на постара предучилишна група, додека нејзината малолетна ќерка лежела во нејзиното креветче, од страна на непозната негователка било истурено кафе врз лицето на детето. Поради здобиените изгореници родителот го однел детето на лекарски преглед во Детска хирургија-Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.