Вести
Нема повредени во пожарот во Министерството за правда
Пожарот што избувна попладнево во канцеларии на Министерството за правда во центарот на Скопје е изгаснат. Повредени нема, причинета е материјална штета која дополнително ќе се утврдува.
Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарна бригада на град Скопје изјави дека во пожарот изгореле три канцеларии на четвртиот кат, но оти од големата топлина има оштетување и на околните простории.
Пожарот е пријавен во 16 часот и 45 минути, а како што изјави заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, кој бил присутен во зградата, рече дека алармот се запалил во 16 часот и 30 минути и веднаш е почната евакуација на лицата кој биле присутни во зградата.



