Вести
НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ: Следниот продолжен викенд е дури во април
Голем дел од граѓаните го искористија продолжениот викенд за да отпатуваат и да одморат, а следниот ваков одмор ќе биде дури во април.
Велигден ќе биде на 8-ми април, а неработен ќе биде понеделникот на 9-ти април. Заедно со неработниот Велики петок на 6-ти април, ќе се отвори можност за подолг одмор, односно од петок до понеделник.
Продолжен викенд ќе има и во мај, кога 24-ти мај четврток нема да се работи за празникот на светителите Кирил и Методиj, а во петок на 25-ти мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд и тоа од четири дена.


