Вести
НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ: Претпладне сончево, попладне локален дожд и грмежи
Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи.
Кон крајот на денот се очекува на повеќе места да има поизразена нестабилност која ќе биде проследена со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со појава на град, наместа процесите ќе бидат изразени и во форма на невреме.
