Вести
Невреме во повеќе делови од земјава
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи вчера беа зафатени охридско-преспанскиот регион, Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево, а подоцна нестабилно беше во скопската котлина особено во источниот дел.
Од нестабилност во форма на посилно невреме околу 22 часот беа зафатени Велес и Свети Николе, а потоа оваа маса се преместуваше кон кумановско-липковскиот регион и во доцните ноќни часови кон североисточниот дел од земјава.
Кон раните утрински часови нестабилно беше во источните делови, а утрово локален пороен дожд со грмежи имаше околу Радовиш и Валандово.


