Вести
Невреме во Скопје, поплавени куќи во Црешево и Стајковци
Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, по невремето со интензивен дожд и грмотевици што го зафати скопскиот и други региони во државава, досега пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци.
– Противпожарни екипи се упатени за интервенција поради поплавени неколку куќи во Црешево и Стајковци, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригата за противпожарна заштита на град Скопје.
Невремето, во одредени делови од Скопје, предизвика проблеми и во одвивањето на сообраќајот, како и времени прекини на снабдувањето со електрична енергија.



