Актуелно
Нова дрога на улиците на Њујорк: Поради неа одат голи и мислат дека се најсилни
Полицијата во Њујорк мака мачи со нов вид на синтентичка марихуана која ја нарекле К2. Таа на конзументите има психотично дејство, поради кое тие имаат чувство дека се со натчовечка сила. Обично им е многу топло по конзумирањето, па на улиците шетаат како од мајка родени, пишува news.com.au.
Новиот вид на синтетичка марихуана е евтин, поради што посебно е популарен меѓу бездомниците.
Се произведува од хемикалии кои имаат сличен ефект како THC па се меша со трева и се продаваат во пакетчиња со силни бои. Најчесто се пуши, но може да се пие и како чај. Забележани се и неколку смртни случаи.



