Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со мала облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи претежно во југозападните и јужните планински предели.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степени, а дневната од 29 до 36 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 35 степени.



