Актуелно
Новиот систем за наплата во автобусите на ЈСП „Скопје“ почнува пробно
Од денеска почнува тест периодот за имплементација на два нови система во јавниот градски превоз во Скопје – за автоматска локација на возила и системот за електронска наплата во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Нив денеска ги промовираа скопскиот градоначалник Коце Трајановски и директорот на ЈСП „Скопје“ Игор Јанушев.
– Денеска ќе почнат да се користат електронски картички за возење во автобусите на ЈСП „Скопје“, кои ќе овозможат граѓаните полесно и побрзо да влегуваат во автобусите, а ќе се зголеми и протокот на патници, рече Трајановски и потсети дека Град Скопје распиша тендер за електронска наплата на превозот и за атоматска локација на автобусите. Вкупната вредност на оваа инвестиција е околу 3 милиони евра, обезбедени од буџетот на Град Скопје.
Електронската наплата понатаму ќе важи и за приватните превозници.



