Бесплатните автобуски билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст
ЈСП информира дека поради завршувањето на учебната година, бесплатните билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст.
Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни.
ЈСП Скопје нуди можност основците и средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари, за еден месец.




