Актуелно
Објавени фотографиите на осомничените за нападите во Брисел!
Белгиските медиуми објавија фотографија од двајца мажи, кои се осомничени дека го извршиле бомбашкиот напад на аеродромот во Брисел. Засега не е соопштен нивниот идентитет.
Претходно беше соопштено дека две лица се уапсени. Сепак, белгиското Министерство за надворешни работи изрази стравување дека уште од инволвираните се на слобода.
Светските медиуми соопштуваат дека во Брисел во тек е опсежна полициска потера, а се верува дека полицијата ги идентификувала осомничените за нападот.



