Актуелно
Облачно и ветровито со локален дожд – од утре интензивни врнежи од снег и заладување!
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Во западните делови и на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 13 степени.



