Актуелно
Облачно и врнежливо со слаб ветер – викендов затоплување
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во утринските часови, особено во северните делови од земјава се очекуваат локални врнежи од дожд.
Во текот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста ќе почне да се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 13 до 19 степени.



