Актуелно
Облачно со дожд, повремени грмежи и ветер
Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. УВ-индексот ќе изнесува 4.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 17 до 25 степени.
Во скопското подрачје ќе има врнежи од дожд со променлив интензитет, ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.


