Актуелно
Честитка од Кралицата Елизабета за Денот на независноста
Кралицата на Обединетото Кралство Елизабета по повод Денот на независноста на Република Македонија упати честитка до претседателот на државата Ѓорге Иванов.
– Ми причинува големо задоволство да Ви испратам најтопли честитки за прославата на вашиот Ден на независноста, заедно со моите најдобри желби за среќа и напредок на народот на Македонија во годината што престои, се наведува во честитката објавена на фб-профилот на Британската амбасада.
Воедно, се посочува, Република Македонија и Велика Британија воспоставија дипломатски односи на 16 декември 1993 година. – Во 23-те години од тогаш заедно изградивме партнерство базирано на соработка и на отворено и искрено пријателство, се посочува во текстот кон честитката.


