Вести
Облачно со повремени врнежи од дожд, викендов голем пад на температурите и снег
Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку денот ќе дува засилен јужен ветер.
Пообилни врнежите ќе бидат во попладневните часови и ноќта према петок кога локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог.
На некои повисоки места врнежите од дожд ќе поминуваат во снег особено во северните и западните делови на земјава. На планините се очекува зголемување на снежната покривка за околу 20 сантиметри.


