Актуелно
Над 4.700 нови заболени од грип: Да се почитуваат мерките за превенција
Грипот е се уште во подем и се очекува да продолжи и во следните две до три недели, укажува Министерството за здравство.
Во последната недела од минатиот месец се пријавени 4.781 новозаболени лица со симптоми на грип на територијата на цела држава, што претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи во однос на минатата недела за 43,7 проценти. Вкупно досега се пријавени 18.652 лица со симптоми на грип.
Најдобра превенција од грипот, соопшти денеска Министерството за здравство, е да се избегнува контакт со заболено лице, редовно да се одржува личната хигиена и хигиената на рацете (миење раце со сапун и топла вода или користење влажни марамчиња на база на алкохол, особено по кашлање и кивање). При појава на заболувањето потребно е сместување на заболеното лице во посебна просторија (домашна изолација) се додека симптомите на болеста не исчезнат, како и често проветрување на собата на заболеното лице и дезинфекција на површините.


