Вести
Облачно со температура до 10 степени
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со услови за слаб локален дожд и слаб снег на планините во јужните и источните делови.
Во останатите делови од земјава ќе има подолги сончеви периоди и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од три до 10 степени.


