Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: Средношколците кажаа „НЕ“ за лошите реформи во образованието
Со скандирања и транспаренти, средношколците излегоа на протест во Скопје со кој бараа целосно укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на матура.
Маршот започна нешто подоцна бидејќи средношколците ги чекаа своите пријатели од средното училиште „Раде Јовчески Корчагин“, кои пристигнаа погласни и посложни од сите.
Тие носеа и транспаренти испишани со „Сакаме иднина тука, за да не ја бараме во други земји“, „Што правите со нашето образование“, „Аргументите се на наша страна, не партиите“, Кој ако не ние, кога ако не сега“. Средношколците бараат целосно укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на матура.

















