Вести
ОБСЕ: Досега нема информации за проблеми, прелиминарната оценка утре
Се надеваме дека денеска ќе биде мирен изборен ден без проблеми, бидејќи на Македонија и се неопходни овие избори за да излезе од политичката криза која трае две години, изјави шефот на набљудувачите од делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Азај Гулијев, по посетата на Избирачкото место 5 во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Тој истакна дека прелиминарната оценка за текот на изборите ќе биде дадена во текот на утрешниот ден, откако ќе се сублимираат забелешките и резултатите од целодневното набљудување на изборниот процес.
Посочи дека имаат 250 краткорочни набљудувачи кои се распоредени низ целата земја.



