Актуелно
Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за возилата
Во вторник следната недела (15 ноември) почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година, потсетуваат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Апелираат до возачите да направат зимска проверка и подготовка на возилата, навреме да ја обезбедат потребната зимска опрема, и секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат.
Како што појаснуваат од РСБСП, под зимска опрема за моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од четири милиметри (4 мм) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, минимум од четири милиметри (4 мм) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.



