Вести
Обама денеска ќе го пречека Трамп во Овалната соба во Белата куќа
Американскиот претседател во заминување Барак Обама ќе го пречека денеска во Овалната соба во Белата куќа, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со што симболично ќе почне транзицијата на власта.
Американски медиуми коментираат дека Обама му пружа „маслиново гранче“ на Трамп, кој за време на кампањата го напаѓаше како неспособен за раководење на американските воени сили и го оспоруваше легитимитетот на Обама да биде претседател.
Во Белата куќа денеска приватно ќе се сретнат досегашната прва дама на САД, Мишел Обама и сопругата на Трамп, Меланија.



