Актуелно
Од денеска затворена скопската обиколница поради снимањето на филмот „A Fond“
Скопската обиколница од 7 часот изутрина е затворена за сообраќај, согласно воведениот времен режим поради снимањето на францускиот филм „A Fond“.
Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје.
Според Одобрението од Министерство за транспорт и врски од 3-ти овој месец и известувањето од „Мануфактура продукција“, времена измена на режимот на сообраќај на делница 3 Автопат 2, клучка „Хиподром“ – клучка „Сарај“ (Скопска обиколница) ќе има 16 дена од 7 до 19 часот.



