Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со засилен ветер од западен правец
Времето во поголемиот дел на Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од западен правец кој ќе достигнува брзина до околу 60 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 29 до 36 степени.
Во Скопје, слично време, со температура до 31 степен.



