Вести
ОД ИЗИИС СМИРУВААТ: Земјотресот утринава беше афтершок на ланскиот од 11 септември
Силниот земјотрес кој утринава ги вознемири и разбуди скопјани е само уште еден афтершок на ланскиот земјотрес од 11 септември кој беше со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер.
Ова го изјави Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).
Земјотресот утринава беше со магнитуда од 4,2 по Рихтер, на само 13 километри источно од Скопје, односно во скопското епицентрално подрачје.



