Вести
Од утре сончево и потопло
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и потопло. Мала локална облачност ќе биде застапена во западните планински предели. Претпладне ќе дува умерен ветер од северен правец, а попладне ветерот ќе го промени правецот во јужен.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а попладне од јужен. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 16 степени.


