Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: Започна 48-часовниот натпревар на НАСА во Македонија
Македонски програмери и иноватори работат на предизвици поставени од НАСА, како дел од глобалниот хакатон НАСА Спејс Аппс Челинџ 2015 (NASA Space Apps Challenge), што почна денеска, пренесува МИА.
Во меѓународната активност за дизајнирање иновативни решенија, што почна денеска, се вклучуваат 10.000 учесници на 135 локаци во светот, меѓу кои Скопје, Тетово, Охрид и Битола. Младите иноватори ќе ја покажат својата иновативност со непрекината работа во тек на 48 часа. Ќе соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултет, а ќе им поомагаат и компании.
Заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска истакна дека македонските млади програмери, дизајнери, иноватори и претприемачи ќе можат да ги измерат силите на широка сцена и да постигнат меѓународен успех. На минатогодишниот натпревар Македонија беше глобален лидер по број на реализирани проекти.






