Актуелно
Одадена почит на загинатите бранители кај Карпалак
Во месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје, денеска се одбележа 14-годишнината од загинувањето на 10-те припадници на АРМ од Прилеп кога во 2001 година тука беше нападнат армискиот конвој.
Венци цвеќе на Карпалак положија делегација на Владата предводена од министерот за одбрана Зоран Јолевски, од МО и ГШ на чело со началникот на ГШ на АРМ генерал-полковник Горанчо Котески, од Кабинетот на Претседателот на државата, семејства на загинатите, општина Прилеп, повеќе здруженија на бранители, партиски делегации на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и други граѓани и здруженија.
Министерот Јолевски истакна дека денеска им се оддава почит на бранителите што ги дале своите животи за Македонија.



