Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со температура до 36 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во југозападните и западните делови од земјата ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време со температура од 19 до 35 степени.



