Актуелно
Оперирано детето што го фрли мајката од четврти кат во скопски Хиподром
Според информации на дел од медиумите, детето кое вчера беше фрлено од четвртиот кат од станбена зграда во скопски Хиподром од својата мајка е во стабилна состојба, за разлика од неговата мајка која сè уште е во тешка состојба и е на интензивно лекување на КАРИЛ.
Детето се здобилo со сериозни скршеници на главата при што искрварило во текот на ноќта и морало итно да биде оперирано на клиниката за неврохирургија.
Монструознот чин во драмата која се одвиваше вчера утрото во скопски Хиподром наиде на осуди од јавноста, психолзите и воопшто секој еден човек.



