Актуелно
Опозицијата утре треба да се врати во Собранието
Опозицијата предводена од СДСМ, утре треба да се врати во Собранието на Република Македонија, согласно договорот од Пржино за надминување на политичката криза.
Пратениците од СДСМ не учествуваа воопшто во работата на Собранието, откако по завршувањето на парламентарните избори во април лани претседателот на СДСМ Зоран Заев објави дека не ги признава изборните резултати.
Според протоколот кон договорот од 2 јуни, што на 15 јули го потпишаа лидерите на четирите најголеми политички партии, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието, односно до 15 следниот месец треба да има нов, специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Специјалниот обвинител се именува преку договор на партиите потписници.



