Актуелно
Во Гевгелија се очекува нов бран од 7.000 бегалци
Организираниот транспорт на мигрантите од прифатниот пункт кај Гевгелија до Табановце, според проценките на сите чинители вклучени во справувањето со бегалската криза, се одвива во најдобар ред.
Од УНХЦР велат дека кон прифатниот камп во Гевгелија очекуваат во текот на денот постепено да притигнуваат мигранти од поголема група од околу 7.000 лица кои се упатиле кон македонко-грчката граница.
За време на викендот мигрантите се превезуваа само со воз од платформата во Гевгелија до Табановце. Кон границата со Србија и денеска тие заминуваат по железнички пат со редовните и специјалните возови. Според информациите од железничка станица во Гевгелија, изминативе дванаесет часа кон Табановце заминале 1.500 мигранти, а пред малку кон северната граница замина уште еден специјален воз со околу 1.000 мигранти.



